ЦИВИЛ утре во Охрид: Дебата за слободни избори

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан „Сите за слободни избори“ во Охрид. Настанот ќе се одржи на 30 јануари, сабота, во 12:00 часот, во големата сала на Општина Охрид.

Jавниот настан „Сите за слободни избори“, ќе го отвори Ангел Јанчев, заменикот на охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески. Говорници и модератори ќе бидат и претставници на ЦИВИЛ, а за дискусија можат да се пријават сите присутни на настанот.

На настанот се поканети сите советници во Советот на Општина Охрид и други претставници на политичките партии кои функционираат на локално ниво, на медиумите, на локалните невладини организации,  поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓанки и граѓани.

FEFC logo MKЦИВИЛ Медиа подготви видео содржини и информативен материјал, и ги повикува сите охриѓан(к)и кои ќе присуствуваат на настанот, да ги проследат „вестите во живо“, со програма која ја нема на националните медиуми. „Отворениот микрофон“ ќе биде достапен за сите кои сакаат да споделат информации или ставови и да учествуваат со свои сугестии за понатамошните заеднички акции на ЦИВИЛ со граѓанките и граѓаните, во правец на создавање услови за слободни избори во Република Македонија. Исто така, посетителите ќе можат да учествуваат и во фото -петицијата за поддршка на слободни избори.

Средбата со граѓанките и граѓаните „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ во имплементација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian