ЦИВИЛ во поход низ Централна и Западна Македонија

ЦИВИЛ тргна на последната турнеја пред изборите со цел мобилните тимови  да се сретнат со локалните медиуми, да ја зајакнат структурата на локалните набљудувачи и да се сретнат со заинтересираните граѓанки и граѓани кои би се вклучиле во изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.
За време на работниот викенд мобилните тимови ќе работат во Велес, Прилеп, Битола, Гостивар, Ресен, Струга, Охрид и други населени места.

Тимовите на ЦИВИЛ имаат задача, меѓу другото и да ги верификуваат извештаите од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ на регионално ниво, а ќе спроведат и дополнителни обуки и работилници за најновите членови на мониторинг тимовите.

img_8405

На локалните медиуми низ Македонија ЦИВИЛ ќе ги презентира извештаите и анализите од изборниот мониторинг, ќе ја извести јавноста за престојните активности на организацијата и ќе ги повтори барањата до институциите и политичките партии да се придржуваат кон Уставот, законите и демократските стандарди.

ЦИВИЛ ги набљудува состојбите во целтата земја подолг временски период, а денот на гласање ќе го набљудуваат околу триста акредитирани набљудувачи. ЦИВИЛ ќе се потпира во голема мерка од граѓанките и граѓаните, особено од мрежата граѓански набљудувачи кои неодамна добија обука од долгорочните набљудувачи.