ЦИВИЛ во Струмица, Валандово и Гевгелија

ЦИВИЛ – Центар за слобода и оваа недела продолжува работно со посети и јавни настани во повеќе градови низ Македонија. 

Утре од 11:00 до 13:00 часот  мобилниот тим на ЦИВИЛ за мониторинг и поддршка ќе ја посетат Струмица и ќе остварат комуникација со граѓанките и граѓаните на градскиот плоштад.

Во двочасовна средба, струмичани ќе бидат информирани за можноста да аплицираат за набљудувачи на ЦИВИЛ во изборниот процес. На настанот ќе се делат информативни и едукативни материјали за јакнење на јавната свест и за правaта на гласачите.

Попладнето, од 14:00 до 15:00 часот, мобилниот тим ЦИВИЛ ќе ја посети општина Валандово, од каде што ќе продолжи за Гевгелија. На гевгелискиот плоштад јавниот настан ќе се одржи од 16:00 до 18:00 часот.  Во овие општини преку разговор со жителите ќе биде претставен проектот Напред! , а сите заинтересирани ќе бидат информирани за активностите на ЦИВИЛ и како можат да бидат дел од набљудувачкиот тим за време на изборите.

Радовиш, 5 март 2016

Тимовите на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање за изјави за медиумите, како и за разговори за размена на информации со претставниците на граѓанското општество и политичките партии кои претходно се информирани и поканети. Исто така, заинтересираните граѓанки и граѓани, ќе имаат можност да учествуваат во фото-петицијата „За слободни избори“ и во видео- петицијата „Напред!“

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email