ЗНМ и ССНМ: Партиите да го прифатат предлогот на Ван Хауте за медиумски реформи

„Лидерите на четирите партии кои преговараат, да ги прифатат предлозите на европскиот посредник, Питер Ван Хауте, во врска со реформите во медиумите и департизацијата на медиумите, граѓанскиот сервис МРТВ да стане медиум за сите и непристрасно да известува, партиите да ги тргнат рацете од медиумите и  новинарите и саморегулација во медиумите“, изјави за медиумите Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ, пред Клубот на пратеници.

На новинарско прашање: „Дали албанските партии имаат предлог за медиуми“,  Селмани одговори дека албанските политички партии ДУI и ДПА се дамо декор и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и дека тие прифаќаат сé што ќе им се каже.

12699020_1173462892681892_1208654841_oЗНМ и Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија – ССНМ, бараат конечно да престане рашомонијадата околу преговорите за медиумите: „Време е да се каже јасно и гласно кој за што се залага!“.

ЗНМ И ССНМ во заедничкото соопштение порачуваат дека одбиваат да бидат ставени во ситуација да коментираат и да валоризираат предлози кои до нив доаѓаат посредувани од партиски спинери. Го повикуваат СДСМ да го достават својот предлог. Во спротивно, апелираат до ВМРО -ДПМНЕ, да им го достават предлогот на СДСМ, во име на рамноправна транспарентност на преговарачките страни.

„Според информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување на професионални стандарди. Да нагласиме дека ЗНМ и ССНМ се апсолутно против задирање во саморегулација на медиумите која е предмет и надлежност само на професијата. Ние цврсто го поддржуваме секој предлог што е во насока на департизација на регулаторот и на јавниот сервис и на почитување на општите стандарди во новинарството и во етиката во професијата. Сметаме дека принципиелните насоки презентирани од посредникот Ван Хауте беа во тој дух и затоа ги поддржуваме. Но, сега е време да се видат конкретните амандмани за да можеме како медиумска заедница да се изјасниме за нив“, рече Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Претседателот на ЗНМ, Селмани нагласи дека силно ја осудуваат хајката и црната кампања во медиумите против европскиот посредник Ван Хауте во врска со последните предлози на СДСМ за медиумската реформа. Тој вели дека  ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не помага да се најде квалитетно решение за медиумските реформи, зашто, според него, со лаги и подметнувања, двете партии не можат да ја сокријат нивната одбивност кон вистински реформи во медиумите.

„Уште еднаш повторуваме дека предлогот на СДСМ, кој беше доставен неделава, во битни делови се разликува од предлогот на посредникот Ван Хауте. СДСМ нивните лоши идеи за медиумите сака да ги препише на посредникот. Според нас, ваквото подметнување го покажува неискрениот однос на СДСМ за вистински реформи во медиумите. Одлучно сме против идејата на СДСМ, новинарската етика да се регулира со закон. Да се казнуваат медиумите со глоби за прекршување на новинарската етика е недемократска практика. Во демократските земји примената на професионалните стандарди се регулира со саморегулација во медиумите“, потенцираше лидерот на ЗНМ, Селмани.

Дехран Муратов 

Оваа вест е достапна и на: Albanian