Демонстрантите пред Владата, откако повторно го обоија објектот во боите на Шарената револуција, ги објавија двете барања од кои нема да се откажат.
Уставниот суд да се произјасни за уставноста на СЈО и да престане полицискиот прогон за демонстрантите! Крајниот рок за власта за ултиматумот на демонстрантите, како што најави Симона Спировска во име на Шарената револуција, е 18-ти јуни. Демонстрантите најавија и блокада на сообраќајот во Скопје за 8-ми јуни.
Откако демонстрантите со едноминутен молк одадоа почит за убиениот младич Мартин Нешковски, продолжија кон централниот скопски плоштад, каде пред пет години тој беше убиен за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ.
Плоштадот беше обоен во црвено, како симбол на пролеаната крв на невината жртва - Нешковски
Оваа вест е достапна и на: Albanian