Првично планирана како билтен кој ќе информира за проектот „Решенија“, публикацијата „Дијалог“ (издадена во 2011 година. како резултат на низа околности, пред сè, поради предвремените парламентарни избори, но и поради низа настани и процеси во државата, кои во прв ред се однесуваат на „прекројувањето“ на медиумскиот пејсаж од страна на Владата), прерасна во своевиден годишен алманах за активностите на ЦИВИЛ.
Овој, втор, број на „Дијалог“, донесува извештаи и други содржини поврзани токму со состојбите со човековите права и слободи, состојбите со медиумите и политичката култура воопшто во земјава.