ЦИВИЛ ФОРМИРА ИНФОРМАТИВНА РЕДАКЦИЈА

ЦИВИЛ објавува дека по подолги подготовки, формира информативна редакција на 24 март 2014 година. Прва задача на новинарите на информативната редакција наречена ЦИВИЛ МЕДИА ќе биде да ги покриваат настаните и темите поврзани со изборниот процес во Република Македонија. 

civil mediaГи повикуваме сите политички партии, нивните ограноци и други тела, изборните штабови на кандидатите за Претседател на Македонија, државните и јавните институции, Владата, локалната самоуправа, Државната изборна комисија, Агенцијатазааудио и аудиовизуелнимедиумскиуслуги, организациите на граѓанското општество, домашните и странските набљудувачки мисии и други засегнати страни во изборниот процес во Македонија - редовно да ја известуваат нашата редакција за своите активности и да ни испраќаат покани за нивните прес конференции и други настани од интерес за медиумите.

Оваа редакција се формира како дел од проектот Слободни избори 2014во имплементација на ЦИВИЛ, но се планира да продолжи со работа и по завршувањето на проектот. Информативните содржини ќе бидат објавувани на веб порталот на ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски јазик, како и на другите онлајн канали на организацијата.

Информативните содржини ќе им бидат достапни без ограничувања на сите заинтересирани медиуми во земјава и во светот во првите два месеци од постоењето на оваа редакција. Се молат медиумите кои ги преземаат содржините од ЦИВИЛ да не ги менуваат содржината, односно значењето и суштината на материјалот кој го преземаат. Молиме, преземените содржини да се преземаат во целост и да се наведе изворот, како и донаторите на ЦИВИЛ во проектот Слободни избори 2014.

Контакт:

Тел: 02/5209176, 075/707143

Е-пошта: [email protected], [email protected]

ЦИВИЛ online:

www.civil.org.mk

www.facebook.com/civil.mk

www.youtube.com/user/CivilOrgMK

www.soundcloud.com/civil-org-mk

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish