ЦИВИЛ организира серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и среда, 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот, кој ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.
Програмата започнува со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка.
Со почеток во 11:30 започнува панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис).
Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети ќе разговараат на темата во терминот од 13 до 14 часот, додека Џабир Дерала ќе одржи јавна презентација во 14:30 часот.
Во 15:30 часот на програмата е Џевдет Хајредини, експерт за финансии и колумнист.
Програмата продолжува и по оваа прва информација за онлајн настаните на ЦИВИЛ, следи објава на целосната агенда в понеделник.
Настаните се затворени за публика, поради заштита од коронавирусот, но ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Тие се дел од проектот „Европа е наш дом“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian