Според Ѓунер Исмаил, претставник на невладината организација Форум - ЦСИД, неопходни се итни реформи во МВР, како услов за слободни, фер и демократски избори, коишто пак се императив за надминување на актуелната политичка криза.
Во изјава за ЦИВИЛ Медиа, Ѓунер Исмаил ја акцентира потребата за итна измена на Законот за полиција, што значи, целосно реформирање на Министерството внатрешни работи и на Секторот за безбедност.
Сите мерки за реформи во МВР, коишто ги подготвија независните експерти и граѓанските организации се дел од документот - Предлог за итни реформи, коишто треба да бидат вградени во програмата на новата експертска влада.
М. Талеска