Македонија: Преглед на настани (22 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (22 јуни 2016 година): Ивона Талевска го изгуби судскиот спор со Шилегов  || Вишиот суд не смета дека Неделковски шири говор на омраза  || Шарената револуција со барање до пратениците  || Претседателот Ѓорге Иванов одржа прес конференција || Мирослав Грчев обвинет за злоупотреба на службена должност 

timeline

Ивона Талевска го изгуби судскиот спор со Шилегов

Главната уредничка во дневниот весник „Вечер“ и уредник во телевизијата „Сител“, Ивона Талевска, ја загуби тужбата за клевета и навреда која ја поднесе против Петре Шилегов од СДСМ за неговите прес конференции на кои го обелодени договорот со фирма во сопственост на мајката на Талевска со Министерството за здравство, во вредност од милион евра за набавка на медицинска опрема.

Вишиот суд не смета дека Неделковски шири говор на омраза

boko

Од Здружението на новинари на Македонија реагираа на одлуката на обвинителот од Вишото јавно обвинителство во Скопје, Азиз Шаќири, за кого, со ставовите на Миленко Неделковски не се поттикнува омраза, дискриминација и насилство, туку се работи само искажани ставови за физички лица. Здружението на новинари на Македонија е со став дека „обвинителот Шаќири си поигрува мајтап со правниот поредок на земјата… Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење.“

Шарената револуција со барање до пратениците

13235591_968273133291156_7778280342265290431_o

Шарената револуција бара од пратениците во Собранието да „не учествуваат во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното Јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза“ 

Претседателот Ѓорге Иванов се обрати на јавноста

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o-200x133

Претседателот Ѓорге Иванов рече дека во Македонија се води специјална војна и се закани дека ако требало ќе ја употребел и Армијата на Република Македонија, во обраќањето до нацијата. Повод за обраќањето беше завршената расправа во Собранието за импичмент на шефот на државата. „Во Македонија се води специјална војна како дел од стратегиите за предизвикување на тензии и воспоставување на постојани политички кризи со технички влади, за неможност во справување со закани и доведување во положба на потчинетост“, рече тој.

Иванов откри и дека на северната граница имало упад од четириесетчлена вооружена, насилно-екстремна група која имала за цел да изврши одмазднички терористички акти за полициската акција од 9 мај 2015 година во Куманово.

Мирослав Грчев обвинет за злоупотреба на службена должност

Професорот на Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев, вештак во случајот „ТНТ“ на Специјалното Јавно обвинителство, се најде на удар од Основното јавно обвинителство. Професорот Грчев е повикан во просториите на Обвинителството во понеделник, во својство на пријавен за злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 од Кривичниот законик на РМ. На еден од најконстантните критичари на проектот „Скопје 2014“ му се заканува затворска казна од шест месеци до три години.

 


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]