Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе се сретнат во Скопје

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира семинар за обука и координација на 28 долгорочни набљудувачи на референдумот од целата земја, во хотел Сити Парк, Скопје, в недела, на 16 септември. Поголем дел од овие набљудувачи веќе се во функција од 10 септември. Набљудувачите на семинарот ќе добијат детални насоки за интензивно набљудување на процесот на спроведувањето на референдумот од повеќе аспекти.

Постојаните соработници и набљудувачи на состојбите на човековите права што се во структурата на ЦИВИЛ, добија насоки за набљудување на состојбите поврзани со референдумот уште во јуни годинава. Во периодот од јуни до денес, ЦИВИЛ нотира заострување на поделбите и тензиите по етничка и политичка линија, засилување на црната пропаганда, лажните вести и говорот на омразата. Освен овие појави, во фокусот на набљудувањето на ЦИВИЛ се и политичките партии, организациите и институциите на локално и национално ниво што се инволвирани во процесот на спроведувањето на референдумот.

Покрај детални насоки за набљудување, учесничките и учесниците на семинарот на ЦИВИЛ ќе добијат и обука за безбедност, подготовка на извештаи и на лице место ќе споделат информации за сите облици на притисоци, манипулации и повредата на правото на глас.

Овој семинар е во рамките на проектот „Гласам, значи постојам“, финансиран од Амбасадата на САД во Скопје.

Обуките за краткорочните набљудувачи се предвидени за следниот викенд (22 и 23 септември).

За повеќе информации за активностите, сознанијата и ставовите на ЦИВИЛ за референдумот, заинтересираните медиуми и граѓанки и граѓани можат да се јават на тел. 02 / 520 91 76 или да напишат порака по мејл ([email protected]) или Фејсбук.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish