ПРОГОВОРИ ВО БИТОЛА ДЕНЕСКА

Мултимедијален настап на уметниците за човекови права и солидарност, под заеднички наслов „Проговори во Битола“ ќе се одржи денеска (петок, 22 ноември 2013) во Битола, Хотел Театар со почеток во 19 часот. Уметници и интелектуалци ќе „проговорат“ на панел дискусијата под наслов „Општествената улога на уметникот во одбрана на човековите права“ на која учество ќе земат Лилјана Мазова, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Џабир Дерала и Илир Ајдини.

Speak up in Bitola side 1 (m)Овој настан е дел од проектот „Проговори!“ посветен на одбрана на човековите права и слободи и јакнење на солидарноста меѓу граѓан(к)ите, којЦивил – Центар за слобода го спроведува од април годинава. Инспирација за авторите се состојбите на човековите права и слободи во земјава, слободата на говорот, социјалните и граѓанските права.
Изложбата ќе опфати дела од Мирослав Стојановиќ – ШукиМаја СтефановскаХаралд ШенкерАлександра Маја Милошевиќ и Џабир Дерала, како и проекција на краткиот уметнички филм „Молк“ на Маја Стефановска. Ќе „проговорат“ и поетите во рамки на проектната компонента „Стихови на слободата“ на која ќе се слушнат општествено ангажирани стихови.
Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, а се спроведува на ниво на целата земја.
ПРОГОВОРИ ВО БИТОЛА ќе се одржи во Хотел Театар, ул. Стив Наумов 35, Битола, тел: 047 / 610 188
Print Friendly, PDF & Email