На протестот на Шарената револуција за поддршка на СЈО, пред Собранието на Република Македонија се собраа околу 1.000 граѓанки и граѓанки.
Активистите од Шарената револуција, и овој пат, по тримесечна пауза, симболично, преку бои, ја изразија својата поддршка за Специјалната обвинителка Катица Јанева и за СЈО. Протестот беше закажан по тридневната собраниска расправа за досегашното работење на СЈО и по жестоките, оркестрирани напади на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
На таквиот притисок врз работата на СЈО, граѓанските активисти на Шарената револуција одговори со слоганот: „Вашето време истече!“, порачувајќи дека патот до правдата води преку СЈО. На крајот од протестот беа запалени и факели во знак на поддршка и на надежта во правичноста во работата на СЈО.
Засега, Шарената револуција не најавува нов протест, но подготвени се да реагираат во секој момент, во поддршка и за одбрана на работата на СЈО и на Катица Јанева.
Текст и фото: Биљана Јордановска