Караванот на слободата вчера посети осум општини

Вчера, ден пред големиот денешен концерт во Кавадарци, Караванот на слободата ги посети општините: Демир Капија, Неготино, Росоман, Долнени,Кривогаштани, Прилеп и Битола, и населеното место Дебреште, каде тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода делеа информативен материјал, разговараа со граѓанките и граѓаните, промовирајќи ги целите на Караванот

slika 1

 

Вчера напладне во Кавадарци се одржа прес-конференција за локалните медиуми, околу денешниот голем концерт што ќе се одржи на Градскиот плоштад и координативен состанок со кавадаречките активисти кои потоа излегоа на терен во соседните општини.

д.капија1-300x200

 

Во сите посетени градови, пред присутните се промовираа идеите и целите на Караванот, целосната програма за концертот во Кавадарци, бројните активности кои се дел од проектот, како и идните настани.

IMG_6281-300x200

На плоштадот „Будење“, во Битола, во соработка со организацијата „За нас се работи“, вчера вечер се промовира Караванот на слободата и пораките за демократија, слобода и здрава животна средина на нашите битолски партнери.

На денешниот мултимедијален настан во Кавадарци, кој ќе започне во 18:30 часот, покрај дебатата, ликовната работилница и изложба и поетскиот перформанс,на концертот ќе настапат Смоук Шејкерс, ПМГ Колектив, Шутка Рома Рап и Бени и Нон Стоп.

Караванот на слободата e проект финансиран од УСАИД, имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Овој динамичен мултимедијален проект го поттикнува учеството на граѓан(к)ите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.