Остануваат уште три дена за можноста да се учествува во Меѓународната летна школа за соочување со минатото што ќе се одржи во Призрен, Косово, од 22 до 28 јули.
Летната школа ќе им овозможи на своите учесници активно да се осврнат на историските наративи, на нивните земји, но и на земјите од Балканот, особено оние кои се однесуваат на неодамнешните војни/конфликти на Балканот, да споделат знаење и мислења за нивната иднина и колку минатото влијае на она што им претстои како млади луѓе.
Исто така, на учесниците ќе им се овозможи да развијат отворен дијалог и конструктивен пристап во справувањето со минатото за иднината. Летната школа ќе ја зголеми нивната регионална мрежа и ќе ги зајакне добрососедските односи меѓу земјите. Ќе го зголеми нивното критичко размислување преку забавни и креативни активности, мрежата на млади луѓе од регионот и ќе ги зајакне добросостеските односи помеѓу земјите.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како еден од регионалните партнери на Центарот за мир и толеранција (ЦМТ) ги потикнува средношколиците од Македонија да одговорат на повикот за учество на летната школа “Предизвикај ја историјата 2 – Реагирај за иднината“. Партнерските организации од регионот ги повикуваат слободоумните ученици од средните училишта (на 16-17 годишна возраст) во Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Македонија и Србија да се пријават за летната школа како дел на програмата РЕАГИРАЈ (REACT). Крајниот рок за пријавување е најдоцна до 20 мај, 2018 година. Пријавите мора да бидат пополнети на англиски јазик.
Проектот е финансисики поддржан од страна на Western Balkans Fund, Swiss Federal Department of Defense, Civil Protection and Sport, Friedrich-Ebert-Stiftung Dialogue Southeast Europe (FES-SOE), Schweizerische Helsinki Vereinigung и forumZFD (Forum Civil Peace Service).
Партнери на проектот се: ЦИВИЛ – Центар за Слобода (Македонија), Friedrich-Ebert-Stiftung Dialogue Southeast Europe (FES-SOE), Democracy Plus (Kosovo), Swiss Helsinki Committee for Human Rights (Србија), Swiss Helsinki Committee for Human Rights (Македонија), United World College (UWC) Мостар (БиХ), Schweizerische Helsinki Vereinigung (SHV) и forumZFD (Forum Civil Peace Service) во БиХ, Косово и Македонија.
За дополнителни информации и прашања: 075/389699
Апликантите можат да ја преземат пријавата ТУКА, а формуларот за овластување за родителите ТУКА.