Ограбено е седиштето на ЦИВИЛ!

ЦИВИЛ – Центар за слобода беше мета на провала и кражба во текот на продолжениот празничен викенд. Причинета е поголема материјална штета, односно, украдени се компјутери, монитори, хард дискови, камера, телефони и друго.

Без оглед на мотивите, ја информираме јавноста дека ЦИВИЛ ќе продолжи со вообичаената динамика на работата.

Се надеваме дека полицијата ќе спроведе брза и успешна истрага и ќе ги пронајде сторителите.

Тимот на ЦИВИЛ се заблагодарува за бројните пораки на поддршка од граѓанките и граѓаните.