Ректорската управа на УКИМ на денешната вонредна седница ги оцени за скандалозни, изборите за студентски лидер одржани во четвртокот. Во присуство на претставници од Студентскиот пленум донесена е одлука да се формира комисија којашто ќе ги разгледа сите факти и докази поврзани со изборите.
На расправата во Ректоратот дел од деканите на факултетите побараа да се поништат изборите, зашто се одржуваат две години подоцна. Но, прифатена е одлуката на останатите, да се формира посебна комисија.
Студентскиот пленум незадоволен од ваквата одлука, бара итна измена на Статутот на УКИМ.