Слободата тоне сé подлабоко во Македонија!

Според најновиот извештај на „Фридом Хаус“, Македонија и во 2015-та година е делумно слободна држава. На скалата од 1 до 7, политичките права во државата се оценети со - 4, додека граѓанските слободи со – 3. Генералната оценка за слободите во Македонија е - 57 (на скалата од 0 до 100).

Македонија заедно со Хондурас и Малдивите, минатата година го изгуби својот статус како изборна демократија. Намалувањето на слободата во Македонија според „Фридом Хаус“ е поради  откритијата поврзани со изборите во 2014 година, поради кои опозицијата  го бојкотираше парламентот, како и поради новите информации во врска со скандалот за надзор и прислушување на политички и верски лидери, новинари, како и приватни лица.

UntitledНегативниот тренд се забележува и во дел од останатите држави на Балканот, односно во Босна и Херцеговина и воКосово. Според анализата, овие три држави, имаа проблем со дисфункција на владите во 2015 година. Конкретно за Македонија, став на „Фридом Хаус“ е дека “партијата на власт беше имплицирана во изборна измама и огромен скандал со прислушување, со што се влоши жестокиот политички ќор-сокак со опозицијата што на крајот ја принуди ЕУ да преговара избори за 2016-та“.

Карактеристично за последниот извештај е дека минатата година бројот на држави каде се појавил пад на слободите бил најголем во последните 10 години, а само 43 земји покажале напредок. И бројот на слободни земји е намален за три од претходната година

Анализата ги потврдува проблемите на кои постојано укажува ЦИВИЛ - Центар за слобода, а кои зборуват за недоволна слобода во сите сфери од живеењето во Македонија. Тука спаѓаат медиумските слободи, човековите права и слободата на граѓаните да го искажат својот став и да гласат слободно, само врз свои лични убедувања.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English