ЦИВИЛ - Центар за слобода објави периодичен извештај од набљудувањето на изборниот процес. Извештајот го презентираше Џабир Дерала на прес конференцијата пред седиштето на Државната изборна комисија. Документот претставува сублимат од повеќенеделниот мониторинг на долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, од пријавите на онлајн формуларот на веб страницата Слободни Избори и од граѓанските новинарки и новинари.