Протест во Куманово: „Правда за Алмир“

Под мотото “За правда”, денеска во Куманово се одржа едночасовен мирен протест на околу 5.000 граѓани од албанска националност, во знак на револт, за трагично загинатото четиригодишно момче Алмир Алуи, инцидент што се случи на 26 јуни во близина на кумановската болница.

a9fc4e85-27f4-4a77-bd6c-c0fc64ab8309

Демонстрантите побараа максимална казна за Б. И., возачот на автомобилот кој го прегази момчето во близина на кумановската болница, по претходна расправија со С. И., таткото на Алмир.

„Се собравме на мирен начин да го изразиме нашиот револт за грозното убиство. Виновникот треба да се казни во согласност со Уставот и Кривичниот законик на Република Македонија“, порача Бекон Лимани, претседател на невладината организација ЗАН”, којашто е организатор на протестот.

kumanova-1-765x380

Демонстрантите скандираа „Ако Б. полуди, ќе полудиме и ние!“ во маршот кон кумановскиот суд, барајќи од судските инстанци највисока казна за сторителот на делото.

Семејството Алиу преку медиумите повика протестот да не се политизира, и да не му се дава етнички предзнак.

Осомничениот Б.И. е во притвор, се очекува против него да биде поднесена соодветна кривична пријава.